Пензионерски кредит

Пензионерски кредит може да добие секое физичко лице – пензионер, државјанин на Република Македонија.

Пензионерските кредити се одобруваат под следните услови:
- пензијата да се прима преку банка со која штедилницата има склучено договор со кој банката се обврзува да ја задржува месечната рата од пензијата на корисникот на кредитот и да ја уплаќа на жиро сметката на штедилницата;
- за обезбедување на кредитот да биде поднесена меница и гаранција од двајца жиранти;
- рок на враќање од 1 до 60 месеци;
- каматна стапка 1,00% месечно или 13,00% на годишно ниво;
- стапка на провизија 1,50% месечно или 22,00% на месечно ниво.

Одобрување на кредитот

Кредитот го одобрува кредитниот одбор по поднесувањето на сите потребни документи. Следната постапка е склучување на договор за потрошувачки кредит, со што се исполнуваат условите за исплата на кредитот.

Исплата на кредитот

Исплатата на кредитот се врши на три начина:
- пренос на средствата на трансакциона сметка на корисникот на кредитот;
- исплата во готово од благајната на штедилницата;
- пренос на жиро сметка на правно лице, по налог на корисникот на кредитот.

Отплата на кредитот

Отплатата на кредитот се врши со плаќање на месечен ануитет (месечна рата);

temp

Пензионерски кредит

Атрактивен кредит за сите пензионери ...

temp

Станбен кредит

Сте се одлучиле за купување на нов / стар стан или куќа ...

temp

Кредит за обртни средства

Како до кредит за обртни средства ...